10 интересни факти за словенците!

Кога се преселив во Словенија, живеев во погранично место кое беше помеѓу Словенија и Австрија. Имаше само еден мост и кога ќе го пројдев тој мост бев во Австрија. Во Австрија најчесто одев да си купам нешто во една продавничка. Hа почетокот ми беше интересно,но после тоа несакав ниту да помислам таму да одам бидејќи ми беше ‘‘предалеку‘‘. Полека полека ја запознавав Словенија и словенскиот јазик. Имаат многу интересни факти од кои издвоив само 10 :

  1. Средното училиште не е задолжително, затоа на средношколците за да ги мотивираат им даваат одредена сума на пари највеќе до 5700 денари секој месец.
  2. Словенците незнаат кирилица. Кога отидов прв ден на училиште,во деветто одделение. првиот час  пишував во тетратка на кирилица се додека не забележав дека сите чудно ми го гледаат ракописот.
  3. Не умеат да препишуваат на тестот и затоа никогаш не ни пробале . Се додека јас не ги покажав моите таленти ххаха…
  4. Имаат доручек и ручек зготвен во училиштето. 
  5. Имаат голем празник на виното. Тој ден го почитуваат и младите и старите. Во продавниците најчесто ке добиеш и една флаша вино гратис.
  6. Во Словенија од прво одделение до четврта година средно училиште сите одат прва смена (не постои друга смена )затоа нивните училишта се многу големи.
  7. За нас македонци мислат дека сме муслимани. Тоа го сфатив кога една ученичка виде колку го почитувам строгиот пост за велигден и ме праша дали кај нас “муслимани“ е истиот пост како нивен. Тоа го мислеа се додека јас не направив презентација за нашата вера и ја презентирав пред целото училиште.
  8. Во словенските училишта пет минути од првиот час се вклучува директорот на училиштето и ни соопштува новости во врска со училиштето. Првиот ден кога го слушнав за момент се почуствувам како да сум во авион .
  9. Словенија е држава која нема ниту една џамија а има многу муслимани кои што живеат тука.
  10. Ако се занимаваш со некој спорт или со уметност во училиштето најчесто имаш статус на спортист или артист. Со тој статус ти можеш да одбереш кој датум сакаш да одговараш усно.
Зборчиња кои никогаш не би ги разбрале : dvopićje – две точки(:)
                                                                                       :Rjava barva- кафеава боја
                                                                                       :Jočenje- плачење
                                                                                       :Baba-девојче
                                                                                       :Všeč mi je- ми се допаѓа

 

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s