Дали постои другарство помеѓу машко и женско?

Од моите собрани животни искуства, јас потврдувам дека НЕ постои другарство помеѓу машко и женско. Ајде размислете самите… зошто некој би го трошел своето време на вас? зошто некој би се запознал со тебе ако не го привлечувате на некаков начин? Луѓето се такви… си бараат  свое друштво во кое би се вклопиле.. никој не сака да е сам.

Моето искуство

Имав еден пријател, со кој секој ден по училиште се среќававме на автобуска станица. Секој ден одевме некаде после тоа и имавме многу теми на зборување. ден по ден ,месец по месец тој ми го запозна целиот живот и ми ги знаеше најзначајните моменти во животот. Јас него искрено да ви кажам, го гледав како некој советник затоа што беше постар од мене три години и знаеше да ме советува во секој момент. Го гледав како некој што можам да му кажам како се чуствувам ама искрено.. тој ме разбираше. Го гледав како другар ,затоа што мислев дека тој не би очекувал од мене да бидеме повеќе од пријатели затоа што имаше врска со едно девојче веќе две години. Еден ден шетајќи покрај кејот ми се доближи и ми рече дека ме посакува. Јас бев во шок.. си мислев зошто.. со моето запознавње немав намера нешто да имам со него повеќе од другарство.Незнаев што да кажам па му реков дека има девојка неможе. Тој ми се извини и после тоа се изгубивме во тишината. Никој ништо не рече .. по неколку денови тој ме покани да се шетаме на кеј по училиште ја прифатив затоа што ми фалеа нашите долги разговори. Тој почна да ми се доближува и мојата реакција беше иста како прв пат. Изговорот ми беше девојка му,но тој што ми кажа? ми кажа дека повеќе нема девојка. Раскинал со неа по тој ден кога му реков дека е во врска и дека затоа нема шанси кај мене. Јас бев запрепастена. По тоа следуваше моето мислење за него ,на убав начин му кажав и морав да го избришам нашето другарство затоа што ако продолжевме да се дружиме е тогаш ке мисли дека ке има шанси да ми се доближи и да ми биде најбитен во животот.Ми беше тешко дека сум причина за едно раскинување. Ми беше тешко што го изгубив мојот советник и пријател.

Изгубивме и двајцата. Изгубивме пријателски.

 

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s