Кој си ти?

Едноставно прашање кое има вообичаено само два типа на одговори.

  1. Незнам
  2. Моето име е….. имам …… години живеам……

Дали некогаш сте пробале да дадете некој поразличен одговор од очекуваниот.

Кој си ти?

Јас тој одговор го градам… Со мојот успех. Со моето почитување кон другите. Бидејќи сакам тој одговор да биде се поопширен, ќе го градам се до задната минута на мојот живот. Со името само го откриваш твојот идентитет. Ништо мене не ми кажува за тебе, кога ке ми кажеш (Ангела,Катерина,Бојан, Александар или било кој друг) .Годините се само број. Ниту кажуваат што си поминал/а во животот ниту пак кажуваат колку си искусен во животот. По тој број некогаш требате да се запрашате, чекај застани колку години имам јас? Што имам направено за тие години за себе, за фамилиата, за општеството? Ти што го читаш ,овој мој небитен текст, за некого можеби битен, сеедно ..тебе ти е дадена можност да го прочиташ,да живееш,да знаш да го прочиташ и да знаеш да градиш. Што сум јас поразлична од тебе. Можеш и ти да пишуваш,работиш,размислуваш… да се докажеш колку можеш. Имаш можност да бидеш препознатлив во целиот свет. Дали си богат или сиромашен, тоа ке зависи од тебе и твојот труд.  Сиромашните и богатите сите имаме ист крај. Сите завршуваме под парче земља. По смрта за 5-6 години ке бидеш заборавен. Затоа СТАНИ и НАПРАВИ да не бидеш заборавен. Стани и нешто стори за да те запаметат кој си ти.Стани и направи да го има твоето име и презиме за некое училиште или пак да поименуваат некоја мала уличка во сеќавање на тебе. Никогаш да не се заборави твоето дело. Никој не се родил со четка во раце или пак со виолина. Сите си го градиме своето име и презиме. Сите си ја градиме нашата личност и идентитет. Ништо не си поразличен од тој што сега на сметка има 1000000 евра а ти имаш 500 денари на сметка.Верувај! Ако тој може да има можеш и ти. Стани и почни да го создаваш одговорoт на прашање кој си ти!!!

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s