Задоволни сте? Сега нашата држава не е позната по нашите убавини туку по загаденоста!

Неможам ниту да помислам,дека Македонија е број 1 во светот по загаденост. Нашата мала држава која сите сакат да расцепат, да земат дел од неа, и тој дел што ни остана ни го сакаат ..Тој дел е веќе  невидлив. Толку многу има во нашата држава нафта што од неа се загадува Македонија? Па што треба да кажат Емиратските држави …

Или пак има толку многу отворени фрабрики и од тие фабрики се загадува… што мислите вие? Ние сме најсиромашната држава во цела поранешна Југославија. Има невработени луѓе… незадоволни луѓе… иселеници кои секогаш мечтаеат да си се вратат во нивната држава, но што кога ќе не праша некој странец, по што сме претпознатливи? што да им одговориме?

-По загаденоста…

Луѓе според мене вие ја направивте загадена Македонија… Последен пат кога се враќав од Словенија на влез во Македонија знаете што видов? Еден пустош на кој имаше милион дупки по автопатот Куманово-Скопје и пред границата фрлена фотеља на сред патот… што мислите ?што тоа кажува за нас? а да не зборуваме за кесички од смоки,чоколади и било какви искористени прехранбени производи кои се фрлени сигурно од прозорот додека сте патувале. И вие сте учесници во загадувањето на Македонија!

Не фрлај, не загадувај!

 

Главна слика: Оливер Настески

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s