Душа без нежности

Уште денеска, само уште денеска расплакана го чекам сонцето да излезе. Бледа и расплакана… се чуствувам ладно во некои моменти, само како да бидам топла кога срцето ми го стори камен ?Како да бидам топла кога душата ми ја одзеде само со еден бакнеж? Како да бидам топла и насмеана кога мислите ми ги однесе со тебе ? Доста е … се виде колку ти значам.Се виде колку сакаш да сум со тебе. Се виде колку ме сакаш. Не го сакам веќе таквото сакање на твој начин!Не сакам да ме сакаш!Денеска те вадам од сонот, те вадам од мислите, ги бришам песните, ги заборавам моментите со тебе,те оставам во минатото.Ке те оставам позади мене кај што ти е место и ке те гледам како едно лошо искуство и најголема грешка што дозволив да ми влезеш во животот. Јас доста изгубив време со чекање само да ти текне дека постојам.  Можеби се смеев ама тоа верувај не е мојата вистинска насмевка. Тоа е најтажната насмевка.Не сум јас тоа! Ти ме промени !Твоите постапки ме променија да бидам дрска и ладнокрвна со сите.Ти ме направи во една однадвор смирена личност ,кога внатре се ми гореше. Ти ме направи да бидам немилосрдна кон другите и ме направи лоша личност.Но готово е веќе! Ти заврши рокот на траење во мојот живот. Си одиш !Си одиш така убаво спакуван со сите солзи, сонови, изгубено време… Збогум! ке се видиме некогаш, само знај дека нема да можеш да ме препознаеш. Нема да можеш да ми се мешаш во животот како што ми се измеша во крвта. Нема таа крв да биде врела кога ке те види, него ке биде ладна како што сум јас сега…

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s