Ниту еден маж не вреди толку, заради него да патиш во неудобни чевли.

Секој петок или сабота, се спремаш најмалку пет саати за излегување. Еден тон шминка и едно парче облека, кое си го платила толку скапо, што сега немаш ниту за една пијачка да си платиш.Се подготвуваш, со исчекување дека некој ќе те забележи, со ташна која ја има Ким Кардашијан или пак чевли како Карлеуша. Облекуваш високи потпетици ,кои прв пат ги видиш во животот и сакаш на некого да се допаднеш? Провоцираш постари мажи, за кои незнаеш дали се во брак или разведени .Се опијануваш и паѓаш во раце на некои што никогаш не би те заслужиле.

Без оглед на тоа колку била добра журката, направи сè за да се разбудиш во свој кревет.

Биди таква каква што си. Освој маж кој ке биде луд по твојата насмевка и твоите очи. Освој маж со твојата природна коса, без ниту еден изгорен прамен ,од секојдневното исправување и вртење на коса,  бидејќи сакаш да се допаднеш некому или пак коса која се собрала во снопови заради лак кој ја држел косата цврсто цела вечер. Облечи се во тоа во кое се чуствуваш посебно и слободно.  Тоа машко за кое се спремаш 10 саати, тој можеби ќе ја забележи твојата површинска убавина, која вечерта ќе ја измиеш или избришеш дома. Тоа не си ти.

Не вреди за некое машко да си го криеш правото лице кое те прави посебна. Ти си една и не постои друга што може да е како тебе. Не вреди да си ги кршиш нозете поради една журка што ќе заврши стандардно како секоја… Можеби ќе бидеш забележана (твојата ташна,коса,панталони,мајца…) од некои дебили кои ги трошат парите на татко си или пак кои мислат дека ти си изворот на парите. И сега сите зборуваат несрамно, како за нова година повеќе девојчиња ке бидат испукани од петарди. Ретардиран народу, без жени сте никој и ништо.. кога ке го изговориш тоа сети се на твојата мајка која те родила. И таа е жена.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s