На овој ден…

На овој ден пред четири години,ги броев ситните денарчиња кои остануваа кусур од продавница, на кој највеќе се радував кога ке ми останеше мене. Ги собирав уште од септември, за да купам честитки на кое ке можев со своја рака да напишам текст во кој ке ги изразев моите посакувања и желби за идната година. Најскапата честитка која што имаше вградено новогодишна песна ја планирав за учителката или некој/а од најмилите професори. Со дедо ми ке отидевме на најблискиот пазар и ќе ме пуштеше да ги изберам најубавите честитки. Одејќи до пазарот очите ми остануваа во шарените лампиони и разни украси кои беа изложени за продавање. „Не сакав да барам да ми купиш дедо,затоа што знаев дека ке треба да ми додадеш уште неколку денари за честитки бидејќи моите нема да се доволни.„
Во погледот кој знаеше и по пет минути да се задржи на една тезга,имав замисла како можам да ја украсам нашата куќа со тој детал кој беше изложен. Сега после четири години и покрај цела украсена и осветлена куќа со најубавите украси који ни ја красат куќата, јас сеуште купувам.Седејќи пред компјутерот и пишувајќи електронска честитка за нова година, која планирам, на сите наеднаш да ја пратам и на пријатели и на непријатели и размислувам колку немав ништо тоа време и бев задоволна со наефтините честитки.
Затоа сакам да се вратам пред четири години и да подарам неколку врсти лампиони и сијалички на тоа девојче кое нејзините желби ги гледаше само во сон и можеше само да направи замисла каде да ги смести сите тие украси кои беа по смешна цена. Сакам да се вратам во тоа време кога чекав од некого честитка. 

 

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s