АЛЕ АЛЕ

Додека ја следам вашата утакмица со Чешка, неслучајно го вклучив snap, на кој ми пристигна една порака. Ја отворив .. мојата другарка од Словенија која сега во моменот е во Вараждин, со покореност на македонските навивачи ми напиша        ‘ МАКЕДОНЦИТЕ РУШАТ’.Толку бев горда на вас. Веднаш си ја спремив мајцата за утре на која пишува Македонија. Кога ја носев таа мајца, сите знаеја во моето училиште за македонската победа. Кога ја победивте Словенија, утредента мене ми беше празник и бев многу весела. Бидејќи се наоѓам меѓу словенци,тој ден вие ми дозволивте да ја кренам главата и да се пошегувам на нивна сметка со гордост, да си ги бранам играчите и државата. Пред некој месец со професорите дискутиравме за нашата глупа и распадната политика, а сега овој месец зборуваме за вашите победи кои ги редевте една по друга. Сакам да ги спомнам и навивачите што секоја утакмица остануваат без глас. Словенскиот коментатор, повеќе ги коментираше позитивно нашите навивачи отколку играчи. Во моментов сите што ја гледаат нашата утакмица во Европа ве слушаат како им пеете и  ги бодрите нашите играчи. Им покажувате колку си ја сакате државата.
                                          🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰

 

Напишете коментар