Причина за да живееш

Aлармот како и секогаш го одложував по десет пати, затоа што не ми се одеше на училиште. Едноставно сакав викендот да ми трае и трае… сакав да избегам барем еден ден од мојата должност, без да размислувам што ке се случи како последица од моето бегство. Затоа што морам да имам 100% посетеност на пракса, одлучив и овој ден, како и секој без волја за живот да се одвлечкам некако до болница. Стоејќи заспивав. Понеделник…

Кога стигнав во болница, добив задача од надлежниот да одам во соба 33 и да разговарам со еден човек кој има рак во последен стадиј. Секој момент може да умре и тој тоа го знае. Како одев кон собата, некој глас ми шепотеше во себе дека ке ми биде досадно, па што да зборам со непознат, па како да почнам, па што да му кажам … Кога влегов во собата ме чекаше еден насмеан човек,кој не изгледаше дека е толку болен како што ми опишуваа. Тој ме замоли, да му го отворам прозорецот,затоа што можеби е последно изгрејсонце што ке го види. По тоа следеше прашање кое ми го постави со толку милост но сепак едвај го изговараше ” како си? ” -јас зачудено седнав до неговата постела и го погледнав во очи.

Истото прашање и нему му го поставив.

**Како може човек да биде кога знае дека ке почине? Ме праша.                                                Те гледам млада, убава, здрава со толку многу негативност, немаш волја за работа, немаш насмевка, во која можам да видам задоволна личност. Што ти недостига во животот, зошто си толку себична? Ти треба да бидеш задоволна што утре ке го дочекаш утрото во својот дом, со твоите дома. Што да кажам јас? Овој понеделник, што го мразиш поради обврските кои можат да те однесат до врвот и да направат човек од тебе, јас секој понеделник се заблагодарувам на бога што уште постојам. Знаеш… јас секоја вечер размислувам за моите неостварени соништа. Толку слабо се чуствувам, што некои цилеви што ги поставив неможам да ги исполнам. Животот е неправеден кон мене и кон сите болни за кои нема лек. Кога бев како тебе во средно најголемата среќа ми беше кога ке избегавме од час или направиме некоја глупост на која се смеевме цел час. А сега? Сега неможам ниту убаво да се насмевнам ,се ме боли.Секоја минута, црта на мониторот може да биде права и веќе никогаш да се искриви. Импулзите на моето срце ги гледам како уметност. Толку многу сакам да направам нешто за блиските**

Солзите почнаа да му течат една по друга.                                                                                    ** Ти си јас, во тебе твоите очи се гледам мене. Јас бев таков кој никогаш не беше задоволен од ништо незнаејќи дека имам се. Не сакам да умрам. Не сакам да спијам во ладно. Не сакам да заминам од овој свет знаејќи дека не сум оставил ништо по што ке ме паметат.**                                                                           __________________________________________________

По тој разговор кој ми ги отвори очите, незнаев на кој начин да се заблагодарам на човекот направи да се срамам што мојата насмевка не ја делев со другите и не бев  задоволна до тоа што го имав. Тој ми даде мотивација, за да одам напред и да направам се што го имам зацртано во главата и никој нема да може да ме спречи. Затоа што го имам најсилното оружје со кое можам да се борам за мене и за да опстанам во овој неправеден живот.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s