Република ПРОДАДЕНА

Сакам да зборувам за нашата продадена држава, за предавниците, за крадливците на нашата историја, за предавството кое Македонија го доживува во моментот. Јас сум последна која треба да зборува за политика,последна која треба да ја разбуди свеста на народот, САКАМ да сум ПОСЛЕДНА која е принудена на иселеност во друга држава, бидејќи сака да има некој нормален живот. Република Македонија ја признаа 133 држави. Една држава која ја ” кочи” Македонија и македонскиот народ, да имаат нормални услови за живеење и кои треба да ги заборават 133 држави и да потклекнат на една држава која пред 3 години банкротираше. Треба да потклекнеме на држава на која и припадна најголемиот дел од Македонија. Пред четири дена,свесни сте дека на златна бубара на популарноста сите едногласно се смеевте со предавниците на нашата држава за нашето име? Сите ни се потсмевнуваат додека нашата историја и идентитет “МАКЕДОНЕЦ” се продава. Народе! Разбуди се! Каква Европска Унија,какви срања. Заборавете на Европска Унија. Таа си го кажа своето. Јоханес Хан изјави дека Европска Унија го планира своето проширување дури во 2020 година. Република Србија и Република Црна Гора се државите кои беа споменати . Мојата држава никој не ја спомена. Можеби ваша последна должност како еден македонец, треба да излезете на протестот на 27-ми за го заштитиме нашето име и нашиот идентитет.  Неможеме да се побуниме против власта, на која интересот е само луксузот и парите. Знаете имаше едни луѓе- уметници, кои поради разбудувањето на свеста кај народот постанаа терористи, одтогаш па напред сите молчат со наведната глава пред сите навреди и предавства. Доста е!

 

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s