Имам потреба да ви кажам

Живеејќи веќе четири години во друга држава, сакам да го споделам нешто со вас. Вчера вечер го отворив мојот мал споменар, во кој сигурно очекувате да најдете нешто напишано за љубовта, некои детски симпатии и проблеми. Но нема да го најдете тоа. Пред четири години, јас и тој споменар бевме сами во некоја мала депресија. Кога ке навлезев длабоко во мислите, преостануваше само да земам бел лист и пенкало и да опишам како се чуствувам. Тоа го пишував во споменарот, затоа што никој не ме разбираше ниту пак сослушуваше. Еве го малиот дел од мојот прв напишан текст во тој споменар.

“Нов свет,нова држава,нова болка… се е ново за сите но највеќе за мене.Моите мисли се на старото место.Многу ми е тешко.Оваа психички неможам да го поднесам. Во овој град ли ми е иднината? Пробав.. Пробав да се помирам со судбината и со сегашноста но неможам. Душата ми остана во мојата соба која пред три дена ја испразнив. Останаа само спомените. Мајка ми ја подржувам, велам “издржи за неколку месеци ќе биде поинакво„ но тоа и го кажувам бидејќи таа има потреба тоа да го слушне.На мене што ми останува? Да чекам! Колку да чекам? се плашам дека моето враќање ќе задоцни… ќе остари заедно со мене во овој град.„

Можете ли да замислите, дека оваа го има напишано дете кое има само 14 години. Оваа девојче, живеело со болка кој никој не ја разбира. Таа болка ме направи да пораснам во издржлива и трпелива девојка која емоционално зајакна. Пораснав многу рано во девојка која стана чуствително моќна .

3 thoughts on “Имам потреба да ви кажам

      1. 🙂 Оваа платформа за македонците е мтрва. Македонецот е неписмен и необразован. Освен политика и сеење зборови на злоба кон се и сешто ништо друго не го интересира. Биди ми здрав и жива Ана Цветаноска! 😀

        Ми се допаѓа

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s