Крај на нашето време

Каде си? Со кого си? Дали ти фалам? Дали ти фали мојот глас? Се прашувам…
Како издржа толку долко без да го слушнеш мојот глас? Пред еден месец, неможеше да заспиеш без да ме слушнеш.. Што се смени за еден месец за да стигнеме до тоа каде што сме сега? Како можеше да дозволиш, да ме изгубиш на толку глуп начин? Ти верував во се што ќе ми кажеше, сакав секој детал да го знам преку твоето размислување. Можеби не бев голем сослушувач како ти, но сепак моето време ти го подарував тебе. Срцето ми го зема многу брзо знаеш и самиот. Ти ме крена на нозе, ми го осветли животот барем јас така мислев, дека ти си светлината на мојот живот. Да знаев дека сега пак ќе се завиткам во темна страна и ке создадам некој ѕид кој нема да дозволи веќе никој да ми се доближи, немаше да ти дозволам да ми влезеш во животот. Твоето заминување го гледав тивко, молчавливо и жално. Незнаеш како се чуствував. Бидејќи не те интересираше. Те пуштив, се откажав од тебе бидејќи ти не ми даде барем некој знак дека треба да се борам за “НАС”. Со тебе планирав да испишам цела книга. Но ти ми даде материал само за две страници. Сега вртам нова страна, бел лист. Продолжувам да ја испишувам сама мојата книга. Во неа нема да дозволам веќе солзите да го размачкаат мастилото. Продолжувам сама како и секогаш после секое емотивно пропаѓање. feb8b9a8-43ab-444a-9ebd-b9bfff2b92c3

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s