Збогум

Не сакам да се простувам со никого. Сакам само да оставам така како што е сега. Ми останаа една до две недели за живеење. Тешко е.. кога знаеш дека за највеќе 14 дена ке го напуштиш овој свет. Ќе ги напуштиш блиските,со кои имаше планови,соништа. Живеев за мојот сон. Знам дека нема да се оствари. А многу сакав да го остварам. Живеев само за тој момент. Иако блиските остануваат со мене во оваа болничка соба, во очите им се гледа таа болка.. таа загуба. Но не сакам да мислите дека сте загубиле нешто. Дојдов на овој свет, да имаме заеднички моменти, да бидам дел од вашиот живот. Сега така и си заминувам. Зад себе не сакам да оставам некој што ке тагува зошто не сум со него. Ете ги имаш спомените. Имаш слики кои ке те одведат на истото место каде што сме седеле. Знам од оваа болничка соба жива нема излегување. Моето безживотно тело ке го однесете и ставите под ладната земља. Но ете … кога ке влезеш во мојата соба ке ме почуствуваш мене. На тој кревет кој што спиев ке го почуствувате мојот мирис. Можеби моето смеење нема да ја поквари тишината како и секогаш,но кога ке посакаш да слушнеш како сум се смеела гледај ги заедничките видеа. Мило ми е што бев дел од вашиот живот. Мило ми е што ве запознав. Ако би можела да понесам нешто со мене тоа не се пари ниту имот. Тоа се спомените кои ги доживеавме заедно. Ви ги гледам солзите во очите и стравот дека сега ако заспиам нема да се разбудам, но јас секогаш ке сум со вас. Во вашето срце и вашите сеќавања.                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                     Инспирација за текстот: 
Овој текст не го пишувам од свое искуство. Инспирација најдов во еден филм, на кој крајот е таков. Со овој текст сакам да го разбудам чуството во вас дека ништо не е повредно од спомените. Од овој ден што го живите. Многу животи згаснуваат прерано. Уживајте во секој момент со најблиските и остварите ги соновите навреме. Можеби утре ке те нема.

 

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s