Сами си ја пишуваме книгата на нашиот живот

Почнав да пишувам книга. Книга за која има многу што да се напише. Пред некој ден седнав со еден писател на иста маса. Почнавме да зборуваме и ме праша како сум се нашла во оваа држава. Јас му раскажав како започна и како заврши. Да,заврши. Поминувајќи години во друга држава, со време разбереш дека нема никогаш да се вратиш дома. Еднаш кога ќе излезеш од дома нема враќање. Тој на сето тоа што му го раскажав, ми додаде “ имаш многу материал за пишување„. Тој сета моја болка и тага ја смести во една книга со интересна содржина…

Пред една година започнав да пишувам книга. Книга, во која  ќе беше опишано како започна тема за моето доаѓање во друга држава и низ што проаѓав овие пет години тука. Но кога дојдов до тој кобен ден, кога морав да се поздравам со мојата фамилија,моите пријатели и кога разбрав дека од тој ден мојот живот нема да биде како што сум замислувала, тука секогаш застанував. Неможев да продолжам со пишување. На тој ден се сеќавам како вчера да беше. Никогаш нема да ги заборавам солзите на мој дедо. На човек кој ме израсна. Човек кој секогаш ме учеше да одам по прав пат и да израснам во добра девојка. Никогаш нема да заборавам на жена која никогаш не ме остави да си легнам гладна и жедна. На жена која не ми дозволуваше да се нервирам за ситници. Мислејќи на наше добро, дека нашето доаѓање тука ке биде најдобро за сите, тие пред нас се покажуваа многу силни личности на кои душата им плачеше. Остануваат сами со птиците и кучињата. Остануваат во голема и празна куќа во која ќе се сеќаваат на  нашето прво зборување, нашето смеење и плачење. Ќе се сеќаваат на нашето одраснување.

Затоа мојата книга никогаш нема да можам да ја напишам. Можеби ќе пробам ако заврши со среќен крај.Но секоја книга нема среќен крај. Тој крај ке мора сама да си го напишам.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s