Пробав да не те сакам

Неколку месеци се мачам, да разберам. Зошто неможам да се зближам со некого и дозволам да го пополни твоето место во мојата душа?

Пробав… и сеуште пробувам да не те сакам.

Но неможам…

Пробувајќи, сфатив колку си ми направил хаос во животот и ме остави сама да си го средувам како знам и умеам. Ме натажи.. со денови, солзите се сушеа на моето натажено лице, прекривајќи го со блага насмевка,мислејќи дека ја прекривам празнината во себе. Колку пати сум си помислила дека со времето ке заминеш и ти од мојот живот. Но не заминуваш.

Иако во реалниот живот немаше место за нас двајца, во мојот сон секогаш имаше. Спиев и по петнаесет сати на ден, само затоа што несакав да заврши. Не сакам да те снема од мојот живот. Во моите соништа секогаш беше до мене. Ги правевме работите кои ги планиравме заедно.. многу сме среќни..

болиш… многу болиш… секој ден болиш…

Времето не лечи се.. времето те учи само да живееш со таа болка и те прави подобар глумец пред другите.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s