Сам човек

Се раѓаш, прозборуваш, станеш и почнуваш да одиш… растеш, учиш, заминуваш и потоа умираш.
Се раѓаш за да можеш да се спротивиш на овој валкан свет.Прозборуваш, за да се спротивиш на овие луѓе, кои никој не ти мисли добро. Кои со зли јазици ке те изедат. Зборуваат каков си, се занимаваат со твојот живот. И ти што правиш? Стануваш и си одиш. Си одиш за да бидеш подобар од нив? За да зборуваат за тебе добро? Само да ти кажам… Колку и да си добар пак ке си лош. Учиш да живееш далеку од твоите, учиш да живееш со мозокот а срцето го убиваш. Полека, се навикнуваш на самскиот живот, далеку од сите, далеку од себе. Забораваш од каде си, од кого си и задното забораваш кој си. Секако дека ќе заборавиш, бидејќи кога ке се вратиш назад, сите те заборавиле, нити како мал не те помнат. Се враќаш да го разбудиш срцето убиено од тага,  носталгија, спомените… Но касно е. Години поминати далеку од се, часовникот претворен во пари. Но времето назад неможеш да го вратиш. Години и години, неможеш да ги вратиш. Се вртиш околу себе и што гледаш? Сам човек кој умрел, уште кога проодел.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s